Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Лазаров кариерата ќе ја продолжи во германскиот третолигаш Ратинген. Ова беше објавено на официјалната страна на клубот од каде потврдија дека Лазаров потпишал тригодишен договор со тимот кој има цел да се пласира во втората германска лига оваа сезона.

Филип Лазаров во Ратинген ќе биде во друштво на македонските интернационалци Петар Ангелов Диви и Ацо Јоноски. Токму Јоноски бил иницијаторот на доаѓањето на Лазаров во германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ бара мини-лиги: Шест европски меча не се доволни за развој на Вардар

Тренерот на Вардар го критикува европскиот календар и предлага повеќе натпревари наместо б…