Дома Останати Кошарка НБА 50 поени за Јанис против Индијана, Дончиќ продолжува да блеска во Далас

50 поени за Јанис против Индијана, Дончиќ продолжува да блеска во Далас

Грчкиот ѕвер Јанис Антетокумпо повторно беше причина за победа на Милвоки сезонава.

Актуелниот шампион ја совлада Индијана со 128:119 и со овој триумф се најде на третото место Источната конференција. Јанис блескаше оствари учинок од дабл-дабл од 50 поени и 14 скока, а додаде и уште четири асистенции. Треба да се истакнаат и настапите на Мидлтон кој постигна 19 поени и запиша 8 асистенции, додека Бади Хил на спротивната страна стигна до 36 поени.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Словенецот Лука Дончиќ продолжи да блеска во Далас кој оствари важен триумф над Мајами 99:107. Дончиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 21 поен и 10 скока и забележа уште шест асистенции. На другата страна Хитм Батлер уфрли 29 поени, запиша 10 скока и подели три асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Кливленд 124:116

Мајами – Далас 99:107

Филаделфија – Бостон 87:135

Милвоки – Индијана 128:119

Минесота – Шарлот 126:120

Њу Орлеанс – Мемфис 109:121

Феникс – Лос Анџелес 103:96

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…