Дома Македонски спорт Мак фудбал 4/4 и гол разлика 0:9 – вака заврши европската авантура на Шкендија!

4/4 и гол разлика 0:9 – вака заврши европската авантура на Шкендија!

Европската авантура на Шкендија заврши и тоа крајно неславно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шкендија во Европа излезе како шампион на ПМФЛ, а таму не претстави како далеку од такво нешто. Противници како Мура и Рига не треба да изгледаат како да се далеку од Шкендија, но на теренот беше токму така.

Стартуваа тетовци дома со Мура со пораз 0:1, следуваше дебакл на гости од 5:0. Така се преселија во Конференциската лига каде што се сретнаа со Рига. Уште по првиот натпревар на гости беше јасно дека Шкендија иако ја имаше фаворитската улога тешко ќе се справи, тетовци запишаа пораз од 2:0.

На денешниот натпревар во Скопје одново беа поразени. Резултатот гласеше 0:1, а единствениот гол на натпреварот го постигна Соисало на стартот од второто полувреме.

Така Шкендија ја завршува европската авантура со биланс од четири порази во исто толку натпревари и гол разлика од девет примени гола и ниту еден даден – катастрофа!

Останува да се види дали раководството на Шкендија ќе реагира после ваквите натпревари, затоа што реално Шкендија има тим за повеќе, проблемот веројатно треба да се бара во стручниот штаб

Фото: ФК Рига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…