Дома Фудбал Лига на шампиони Али: Ова го очекувавме, знаевме дека ќе славиме против великанот

Али: Ова го очекувавме, знаевме дека ќе славиме против великанот

Фудбалерите на Тотенхем вечерва славеа против Реал Мадрид на Вембли, во рамки на 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Одлична партија понуди целиот тим на Тотенхем кој едноставно доминираше, а посебно расположен за игра беше Деле Али кој на два пати беше стрелец. Али по натпреварот истакна дека не е изненаден што неговиот тим славел против европскиот шампион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќни сме поради фантастичниот резултат. Не сум изненаден што ги победивме бидјечи во првиот натпревар видовме дека имаме простор за игеа. Знаевме дека ќе ги добиеме ако го испочитуваме договорот од соблекувалната. Знаевме дека сакаме да играме со таков великан и да победиме. Среќен сум поради двата гола, но победата е најважна“, истакна Али.

Тотенхем со оваа победа си го осигура местото во нокаут фазата од ЛШ. Лондонскиот клуб има три бода повеќе од Реал Мадрид и само е прашање позицијата која на пролет ќе ја дочекаат во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…