Дома Останати Кошарка 38 поени за Рики Рубио, но во полуфинале оди дрим-тимот!

38 поени за Рики Рубио, но во полуфинале оди дрим-тимот!

Се одигра и второто четвртфинале на олимпискиот турнир во кошаркар.

Во една класика на светската кошарка се сретнаа САД и Шпанија на крајот се радуваа Американците со 81:95. Шпанците одлично го отворија натпреварот и водеа после првата четвртина со 21:19.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Возбудувања видовме во втората четвртина каде што САД возврати со 22:24 и на па пауза се замина со 43:43.

Третата четвртина можеби беше и одлучувачката. САД направи серија од 14:1 и така направија двоцифрена предност. Се што успеаа Шпанците да направат во овој период беше во финишот да се вратат на минус шест поени со кои влегола во последната четвртина.

Почетокот на четвртата четвртина донесе серија САД и на седум минути до крајот беа високи +11 (66:77). До крајот дрим-тимот не дозволи некаков пресврт и ја зачуваа предноста за конечни 81:95 и пласман во полуфиналето каде што ќе го чекаат подобриот од дуелот Аргентина – Австралија.

Кај САД Дурант постигна 29 поени и подели четири асистенции. Холидеј и Тејтум уфрлија по 12, Лилард додаде 11 и запиша уште четири асистенции и четири скока. Убедливо прво име кај Шпанија беше Рики Рубио кој постигна 38 поени, додаде четири скока и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Jокиќ води во трката за МВП: Бројките на српскиот центар се неверојатни!

Никола Јокиќ имаше една од своите најлоши партии оваа сезона во победата на Денвер Нагетс …