Дома Останати Кошарка НБА 37 поени на Јокиќ во победата на Денвер, Лејкерси конечно до триумф 🎥

37 поени на Јокиќ во победата на Денвер, Лејкерси конечно до триумф 🎥

Никола Јокиќ одново одигра фантастичен натпревар за Денвер кој славеше победа против Њу Орлеанс од 113:108.

Јокиќ на паркетот помина 41. минута и за тоа време уфрли 37 поени. Денвер иако имаше негатива во финишот успеа да надполни 14 поени негатива. Во овој момент нагетси се наоѓаат на петтото место на табелата на Западната конференција со скор од 28/18.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За Јокиќ ова беше 16. пат сезонава да дојде до учинок над 30 поени, а во овој натпревар во последните три минути беше посебно расположен и постигна седум поени. Во редовите на Њу Орлеанс најрасположен беше Вилијамсон со 39 поени и пет асистенции.

После четири победи во низа Лос Анџелес Лејкерси конечно успеаа да запишат триумф без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Против Кливленд беа предводен од Харел кој постигна 24 поени. Лејкерси славеа со 100:86.

НБА РЕЗУЛАТИ: Детроит – Бруклин 111:113, Милвоки – Бостон 114:122, Торонто – Феникс 100:104, Шарлот – Мајами 110:105, Минесота – Хјустон 107:101, Њу Орлеанс – Денвер 108:113, Орландо – Портланд 105:112, Далас – Индијана 94:109, Јута – Мемфид 117:114, Голден Стејт – Атланта 108:124, Лејкерси – Кливленд 100:86

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…