Најверните навивачи на Вардар, „Комитите“ денес прославуваат 33 години постоење на навивачката група.
По повод тоа тие се огласија со порака преку нивниот Фејсбук профил:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не дека пред 1987-ма немаше организирано навивање на Градски, имаше и тоа доста време предходно, и почетоците се на источната трибина, но под разни имиња и под црвено црните знамиња и боите на Вардар. Но првпат знаме Комити е истакнато на Западната трибина, и како датум кој е општо прифатен како ден на наше основање е токму денес 4-ти Јуни 1987-ма.
Денес е нашиот 33-ти роденден !
Формирани под разни околности, во друг систем, друго време, друга држава…
Покрај црвено црните бои и Вардар како најголем спортски бренд, репрезент на Македонија во рамките на силната Југословенска лига, поривот за заедничко здружување и особено изборот на името – КОМИТИ, кажува многу, кажува која е доминантната сила, дека зад него стои Македонскиот народ кој во тоа време како и другите Народи на бившата држава доживува национално будење. Вардар е клуб за кој навиваат сите Македонци, од цела Југославија но и од дијаспората. Преку настапите и победите на Вардар, се будеше и сеуште се одржува Македонскиот идентитет, а кое име може да го обедини тоа национално ткиво повеќе од името Комити? Тоа е утврдено и препознаено уште пред 33 години !
Многу генерации поминаа на Западната трибина. Во свое време и под разни околности некои биле поистакнати од другите, затоа што имаше други навики, подобри или полоши економски прилики, различен менталитет, подобро првенство и реално една од најдобрите навивачки сцени во Европа и пошироко. Но Комити опстанаа и опстојуваат и кога се распадна таа силна лига, и од дуели со освојувачи на Европски трофеи (Европски Шампиони, Финалисти на КЕШ, КПК, УЕФА, Куп на Саемски градови…) до дуели со екипи чии имиња првпат ги слушнавме. Падна квалитетот на фудбалот и сцената, се формираа нови ривалства, но иако е тешко одржливо, реално Комити постојат заради љубовта кон Вардар а не поради другите…Останаа најверните, повторно се формираше база и повторно доживувавме зенити но и падови. И секогаш падовите беа веднаш по зенитот. Зошто? Затоа што Македонија е мала земја, и силна, организирана, навивачка армија од над 5000 членови претставува опасност за државата, таква каква што е, претставувана и водена од ограничени ликови кои не сакаат различни мислења, ниту можат да се носат со такви структури.
Се обидуваа да не уништат, затоа што со живи Комити нивните валкани игри и болни умови не можат да ги остварат, а самоуништувачките амбиции заради лични користи неразбраните трговци не би можеле туку така да ги реализираат.
Опстоивме и поминавме многу нешта. Постоиме затоа што секогаш бевме и сеуште сме:
Верни на ИДЕАЛИТЕ, ВАРДАР И ДРУГАРИТЕ !
За многу години Комити – Македонци !!!
#33Години #ПриказнаКојаТраеВечно #ВардарВоСрцето #МакедонијаВоДушата