Дома Фудбал Алер се огласи после шокот: Ќе се вратам посилен!

Алер се огласи после шокот: Ќе се вратам посилен!

Себастиен Алер ги напуштил подготовките на Борусија Дортмунд во Швајцарија, затоа што му е откриен тумор на тестисите.

Тој во понеделникот по тренингот се пожали дека не се чувствува добро, а лекарските прегледи открија дека има рак на тестисите.

После првичниот шок напаѓачот се огласи преку социјалните мрежи и порача дека ќе се фокусира на лекувањето за да се врати уште посилен.

„Благодарам на сите кои ми испраќаат пораки за поддршка и љубов после вчерашната вест. Моето семејство и јас ви благодариме. Сега ќе се фокусирам на лекувањето, за да се вратам посилен“, порача репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.

28-годишниот напаѓач минатиот месец се пресели во Борусија Дортмунд од Ајакс за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…