Tимот на Милан оваа сезона води голема борба за титулата шампион на Италија, а во славниот клуб веќе започнаа да размислуваат и за следната сезона и настапот во Лигата на шампионите.
Една од главните цели на Паоло Малдини кој е задолжен за спортскиот сектор ќе биде останувањето на Брахим Диаз. Диаз во Милан е од 2020 година на позајмица и Италијанците имаат право на откуп на неговиот договор за 22 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓуота и Милан и Реал се српемни за нов договор. Милан сака да ја намали висината на оштетата, а Реал да договори опција според која би можел за одреден износ да го врати Диаз во Мадрид.
Малдини ќе разговара со челниците на Реал и ќе се обиде да провери каква е ситуација уште со Лука Јовиќ и Еден Азар, фудбалери кои се на трансфер листата во Мадрид. Очекувањата се двајцата да си заминат од Мадрид во летото кое следи.