Дома Топ вести 25. aприл 1995: Митко Стојковски го реши „вечното дерби“ за ерупција на „Маракана“ (ФОТО+ВИДЕО)

25. aприл 1995: Митко Стојковски го реши „вечното дерби“ за ерупција на „Маракана“ (ФОТО+ВИДЕО)

На денешен ден пред 25 години во Белград се одигра 100. вечно дерби помеѓу српските големи ривали, Црвена Звезда и Партизан.

„Маракана“ беше преполна се пееше „Ѓурѓевдан“, а на крајот херој и човек на одлука беше македонецот Митко Стојковски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српски „Телеграф“ направи големо интервју со Македонецот по повод ова дерби. Во тоа дерби Стојковски прво изнуди пенал во 79. минута кој го реализираше Дарко Ковачевиќ, а шест минути и самиот ја затресе мрежата за победа од 2:1.

„Тоа беше натпревар кој ја обележа мојата кариера, можам така да кажам. Јас играв одбрана, а потегот на Љупко Петровиќ во тој натпревар да ме испрати понапред се покажа како полн погодок. Луѓето и денес ме паметат по тој натпревар, иако јас одиграв 100 натпревари за Звезда. Не се памети ништо од она што го правев во одбраната, се памети само дека го решив тоа дерби“.

„Натпреварот беше многу важен. Ние бевме први со три бода предност на три кола до крајот. Со победа практично ја обезбедувавме титулата, ни одговараше и нерешено и Љупко така ја постави тактиката. Игравме малку дефанзивно, тие ја имаа топката во свои нозе, водеа со 1:0, имаа и шанса за втор гол, но не ја искористија“.

„Не направив јас нешто специјално. После едно нафрлување, Сављевиќ направи пенал над мене. Кога го постигнав голот се водев од инстиктот. Беше прво некој фаул, одиграв пас со Ковачевиќ, тој потоа се сврте и шутираше, а јас само продолжив да одам кон голот. Тоа беше интуиција, топката ми дојде на лева нога и ја пласирав во голот“, изјави во дел од интервјуто Стојковски.

Целото интервју можете да го прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една…