Дома Македонски спорт Мак ракомет Игор Котевски повеќе не е тренер на Голден Арт КЛ7

Игор Котевски повеќе не е тренер на Голден Арт КЛ7

Екипата на Голден Арт КЛ7 ја прекина соработката со првиот тренер Игор Котевски. Договорот меѓу двете страни заврши овој јуни.

“Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 22.06.2021 година (вторник) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Игор Котевски. На Котевски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“, стои во клупското соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…