Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс после пенали го освои Купот

Силекс после пенали го освои Купот

Силекс го освои трофејот во Купот, откако после изведување на пенали беше подобар од Академија Пандев на Арената „Тодор Проевски“.

Во регуларните 90 минути немаше голови, а немаше ни големи шанси. Силекс и Академија Пандев играа тактички и чекаа грешка на противникот, па видовме здодевно финале во Купот.

Во самиот финиш на мечот Радевски ја имаше најдобрата шанса и можеше да и донесе победа на Академија Пандев, но резултатот остана 0:0, па мечот замина во продолженија.

Слична беше сликата без многу шанси и во продолженијата, па победникот беше решен после изведување на пенали, каде Силекс беше поуспешен и дојде до трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Митевска осма во олимпиското младинско финале на 100 метри во Дакар

Ева Митевска стигна меѓу деветте финалистки на Младинските олимписки игри и заврши на осма…