Дома Фудбал Германија 24-годишниот Коман ја освои 8-та шампионска титула

24-годишниот Коман ја освои 8-та шампионска титула

На свои 24 години ѕвездата на Баерн Минхен, Кингли Коман има исклучително богата витрина со трофеи.

Французинот вчера ја подигна титулата во Бундеслигата, што е вкупно 8-ма шампионска титула во неговата кариера. Откако дебитира во професионалниот фудбал Коман секоја година освојува титула.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кариерата ја започна во Пари Сент Жермен каде ги освои шампионските титули во 2013 и 2014 година. Потоа се пресели во Јувентус и го освои Скудетото во 2015 година.

Потоа се пресели во Баерн Минхен каде освои 5 последователни шампионски титули во Германија, односно секоја сезона Французинот завршува како шампион.

Во витрината има уште трофеи од Купот на Франција, Купот на Италија и две титули од германскиот Куп и има Суперкупови во сите три држави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…