Милан и Јувентус во последните години имаат одлична соработка, а италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба работат на нова зделка во моментов.
Имено, Милан и Јувентус на лето би можеле да договорат трампа, така што Ромањоли да се пресели во Торино, а „росонерите“ да го добијат потписот на Бернардески.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ромањоли на лето влегува во последната година од договорот и двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.
Слична е ситуацијата и со Бернардески, кој го загуби местото во првиот тим и е спремен да ја промени средината.
„Калчомеркато“ тврди дека двата клуба можат да направат трампа и веќе нивните агенти работат на тоа.
Due problemi, una soluzione: che idea lo scambio #Romagnoli #Bernardeschi tra #Juve e #Milan https://t.co/Qe3a6CKjkR pic.twitter.com/Zx16sBqHEw
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 6, 2021