Раководството на Барселона е убедено дека може да се промени ставот на ПСЖ во однос на трансферот на Нејмар на „Камп Ноу“, пренесува каталонски „Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона минатото лето не успеа да го договори враќањето на Нејмар, но верува дека оваа година ја има вистинската „формула“ за да го убеди ПСЖ.
Каталонските медиуми тврдат дека Барселона ќе се обиде дополнително да ја спушти цената вклучувајќи свои фудбалери во понудата за Бразилецот.
Клубот од „Камп Ноу“ е спремен да понуди тројца француски фудбалери кои се интересни за ПСЖ, а станува збор за Осман Дембеле, Самуел Умтити и Жан-Клер Тодибо.
Вкупната вредност на овие изнесува помеѓу 120 и 140 милиони евра, а Барса е спремна да понуди и додатни 40 милиони евра.