Дома Фудбал Италија 18 годишен дебитант го запре Јувентус и му даде шанса на Интер! (ВИДЕО)

18 годишен дебитант го запре Јувентус и му даде шанса на Интер! (ВИДЕО)

Тимот на Јувентус денес во терминот од 12:30 часот го одигра натпребарот против Сасуло во рамките од 12. коло од Серија А.

„Старата дама“ денес не победи против Сасуоло и одигра само 2:2. Со тоа му даде прилика на Интер да го превземе врвот на табелата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Не изгледаше дека Јувентус ќе има проблеми кога во 20. минута Бонучи постигна гол за водство. Меѓутоа водството на Јувентус траеше само три минути, Сасуоло преку Бога успеа да изедначи.

На стартот на вториот дел после комбинираниот кикс на Де Лихт и Буфон Сасуоло стигна до предност.

Јувентус до изедначување стигна во 67. минута преку Роналдо откако претходно Паоло Дибала изнуди најстрога казна.

Треба да се истакне дека на голот на Сасуоло денес бранеше 18 годишниот Стефано Турати за кого ова беше деби, не само во Серија А туку воопшто во професионалиот фудбал. Турати имаше супер настап и одбрани неколку тешки удари на фудбалерите на домаќинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…