Дома Фудбал Касиљас се кандидира за претседател на Шпанската федерација

Касиљас се кандидира за претседател на Шпанската федерација

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас се кандидираше за претседател на Фудбалската федерација на Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неполна година Касиљас доживеа срцев удар, па иако излезе од болница по пет дена и се врати на тренинзите во Порто, сепак, нема повторно да застане меѓу стативите и стави крај на професионалната кариера.

Според информациите од Шпанија, 38-годишниот голман го информирал Врховниот спортски суд дека ќе се кандидира за претседател на Федерацијата и ќе биде единствен противкандидат на Луис Рубиалес на изборите во мај. Икер уште од сега ужива голема поддршка од навивачите и поранешните колеги во репрезентацијата.

Касиљас беше член на Реал Мадрид цели 16 години, период во кој забележа преку 700 настапи за „кралскиот“ клуб, каде стекна легендарен статус, а во 2015 година направи трансфер во Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диоманде исклучен од светот – еве што вели за трансферот!

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и фудбалерот на РБ Лајпциг, Жан Диоманде не…