Дома Трансфер зона Гвардиола во јануари тргнува по Умтити

Гвардиола во јануари тргнува по Умтити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола би можел во јануарскиот преоден рок да „пазари“ од својот поранешен клуб Барселона.

Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ се во потрага по дефанзивец после повредата на Енерик Лапорт и неколку дефанзивци се поврзуваат со трансфер на „Емирати“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Иако Гвардиола неодамна изјави дека нема да купува нови играчи во јануари, сепак медиумите на Островиот инсистираат дека ќе биде донесен еден дефанзивец.

Еминентниот „Екип“ тврди дека првата желба е дефанзивецот на Барселона Самуел Умтити. Французинот поради серијата на повреди го загуби местото во првиот тим на Каталонците и оваа сезона одигра само 4 меча.

Умтити е спремен да ја промени средината и е отворен за преселба во Премиер лигата, па останува да видиме дали двата клуба ќе успеат да се договорат околу обештетувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…