Дома Фудбал Бензема го надмина Пушкаш на вечната листа кај „кралевите“

Бензема го надмина Пушкаш на вечната листа кај „кралевите“

Карим Бензема игра одлично сезонава во дресот на Реал Мадрид, а синоќа со двата гола против Еибар го надмина легендарниот Ференц Пушкаш од вечната листа со најдобри стрелци.

Бензема во својата кариера во шпанскиот гигант постигна 157 голови, односно еден повеќе од легендарниот Пушкаш и сега е на шестото место на вечната листа.

Французинот сега е закана и за Хуго Санчез, кој е на петтото место со 164 голови, па би можел во следните неколку кола да го надмине и него.

На првото место убедливо е Кристиано Роналдо со 311 гола, а потоа следуваат Раул Гонзалес (228), Алфредо Ди Стефано (216), Сантиљана (186) и Хуго Санчез (164).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас тоне на дното: Томас Франк прв избор за спас на сезоната

По седум порази во десет кола, Пјер Саж е пред отказ во Кристал Палас. Според „Скај спортс…