Дома Фудбал 16 репрезентации обезбедија пласман на ЕП, голема борба за четири места

16 репрезентации обезбедија пласман на ЕП, голема борба за четири места

Денеска, во понеделник и вторник ќе се игра и последното коло од квалификациите, а досега пласман на ЕУРО обезбедија 16 селекции.

Екипите на Германија, Холандија, Хрватска и Австрија синоќа се квалификуваа за завршницата на Европското првенство и им се придружија на останатите селекции.

Пласман на ЕУРО обезбедија уште: Белгија, Чешка, Англија, Финска, Франција, Италија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Во квалификациската група „Б“, борбата се води за второто место, на табелата Португалија има 14, а Србија 13 бодови.

Потоа, во квалификациската група „Д“ никој сеуште не обезбедил учество на ЕП, Данска е првопласирана со 15 бодови, пред Швајцарија (14) и Република Ирска (12).

И во квалификациската група „Е“ се води битка за втората позиција каде што моментно е Унгарија (12), следуваат Велс (11) и Словачка (10).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…