Младиот 16 годишен фудбалер Дашмир Елези денес го потпиша првиот професионален договор со екипата на Шкендија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Елези со Шкендија стави потпис на договор до 2023 гоина и секако е среќен за шансата која му се дава.
„Секое дете во Тетово сонува дека еден ден ќе дојде до првиот тим на Шкендија, среќен сум што ќе имам таква можност. Договорот ме мотивира да дадам се од себе и да добијам шанса во составот. Сакам да покажам дека заслужувам да играм за Шкендија“, изјави Елези по потписот.