Денес во рамките од 14. коло во ПМФЛ се игра еден натпревар, Скопје ја пречекува Македонија Ѓорче Петров од 13:00 часот.
Македонија Ѓорче Петров конечно во последните три натпревари почна да излегува од кризата. После низата лоши резултати „лавовите“ на последните три средби предводени од Муарем Бајрами збаележаа две победи и едно реми. Ремизираа против Струга дома, го победија Пелистер на гости, а во минатото коло приредија изненадување кога во Ѓорче го срушија лидерот Шкупи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ситуацијата со Скопје е спротивна, оваа екипа од добри резултати претходно во последните две кола е без победа. Сепак, треба да се спомене дека играа со Ренова (0:0) и Брегалница (2:1), екипи кои се на третата и четвртата позиција на табелата.
Поради актуелната форма можеби мала фаворитска улога имаат гостите, сепак Скопје сигурно дека може да им направи проблем на свој терен. Во овој момент Скопје е на деветтата позиција на табелата, а Македонија на осмата, разликата е само еден бод.
На нивната претходна средба на почетокот на сезоната во треото коло кога Скопје гостуваше во Ѓорче, Македонија забележа убедлив триумф од 5:1.
Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров