Дома Топ вести Во Шпанија сигурни: Ериксен на чекор од Реал Мадрид!

Во Шпанија сигурни: Ериксен на чекор од Реал Мадрид!

Зад фудбалерите на Реал е катастрофална сезона, во која не освоија ниту еден трофеј, па јасно е дека на лето ќе дојде до сериозна реконструкција на тимот.

На „кралевите“ им се потребни засилувања, и тоа врвни. Тоа го знае и Зинедин Зидан, па поради тоа е решен сериозно да го засили тимот. Првиот избор е ѕвездата на Челзи, Еден Азар. Белгијанецот речиси сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ на крајот од сезоната и ќе се пресели во Реал и така ќе го исполни детскиот сон. Мадриѓаните за тоа задоволство ќе мораат да платат околу 100 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, Азар не е единствената желба на Реал Мадрид. Високо се котира и играчот за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен, кој веќе се договорил со „кралскиот“ клуб, пренесува шпапснкиот весник „АС“.

Данецот исто како Азар е на листата на желби на Реал, а интересно е дека се наоѓа и во многу слична ситуација. Како и Азар, и Ериксен се наоѓа во последната година од договорот, па се појавија шпекулации дека неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ би можел да чини 70-80 милиони евра.

„АС“ пренесува дека понудата се уште не е испратена, но дека Тотенхем ќе биде ставен пред „свршен чин“ бидејќи Ериксен веќе се договорил со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…