Во летото кое следи очекуваме голем трансфер на македонскиот бисер Елиф Елмас, голем број клубови се поврзуваат со ангажман на Македонецот и тешко е да се поверува дека тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Фенербахче.
Во медиумите името на Елмас се поврзуваше со Лацио, Фиорентина, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, а последен во трката се вклучи миланскиот гигант Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, „нероаѕурите“ се спремни да понудат и играч за да го убедат Фенербахче да го пушту Елмас во нивните редови.
Според информациите на „Калчомеркато“, Интер за Елмас е спремен да го понуди бразилскиот дефанзивец Жоао Миранда.
Во Интер знаат дека на Фенер ќе му биде потребен дефанзивец после заминувањето на Шкртел и се надеваат дека Миранда ќе биде „мамец“ за турскиот клуб да го ослободи Елмас.
Миранда во дресот на Интер одигра 104 натпревари, но со доаѓањето на Диего Годин и одличната форма на Скриниар тешко дека ќе има простор за игра. Меѓутоа не е познато дали Фенербахче го сака Миранда како решение за одбраната, од Интер е се спремни да доплатат и десет милиони евра.
Останува да видиме каков ќе биде одговорот на турскиот гигант кој за слободата на Елмас бара најмалку 20 милиони евра.