Артуро Видал би можел многу брзо да ја промени средината. Чилеанецот во текот на летото пристигна во Барселона, но на Камп Ноу би можел да се задржи само една сезона.
За Видал во наредниот период се очекува да стигне интересна понуда. Во своите редови го посакува аргентинскиот гигант Бока Јуниорс и ќе се обиде да го донесе по завршувањето на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Економската моќ на тимот од Буенос Аирес е се поголема. Тие тоа сакаат максимално да го искористат и да донесат играчи со кои ќе тргнат во освојување на Копа Либертадорес, а Видал го гледаат како идеален играч за својот тим.
„Фокс Спорт“ од Аргентина тврди дека во наредните денови раководството на Бока ќе ги започне преговорите со играчот на Барселона за можен трансфер и после тоа ќе биде многу повеќе јасно колкави се шансите за реализација на истиот.
Видал оваа сезона во дресот на Барса одигра вкупно 40 натпревари во сите натпреварувања, а има учинок од два гола и четири асистенции.
Во богатата кариера која ја започна во Коло Коло овој 31-годишен фудбалер уште играше за Баер Леверкузен, Јувентус и Баерн Минхен. Останува да видиме дали враќање во јужноамериканскиот фудбал ќе биде прималива опција за чилеанскиот фудбал кој е познат по својот жесток темперамент.