Дома Трансфер зона Ништо од Реал: Ериксен се сели во големиот ривал

Ништо од Реал: Ериксен се сели во големиот ривал

Реал Мадрид одлучи да се откаже од обидот да го донесе данскиот фудбалер Кристијан Ериксен и се сврте кон Еден Азар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, Ериксен во текот на летото може да направи голем трансфер и тоа во некој од ривалите од Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед и Челзи одлучија да се вклучат во борбата за услугите на овој 26 годишен плејмејкер. Двата клуба веќе спремиле понуди, па не очекува интересна борба за неговиот потпис.

Покрај Јунајтед и Челзи, интерес за Ериксен има уште од Баерн и ПСЖ. Парижаните покажаа дека не штедат пари за фудбалери, а исто така и Баерн се очекува да потрошат големи средства за нови играчи во текот на летото.

Ериксен во дресот на Тотенхем до сега одигра 255 натпревари, но одби да го продолжи договорот, па „спарси“ ќе бидат приморани да го продадат на лето.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…