Дома Македонски спорт 11. јули 1999 година: Пред преполн „Гоце Делчев“ Победа ја пречека италијанска Перуџа (ВИДЕО)

11. јули 1999 година: Пред преполн „Гоце Делчев“ Победа ја пречека италијанска Перуџа (ВИДЕО)

Денес прилепска Победа е далеку од најдобрите денови, па во време кога нема спортски случувања ќе ве потсетиме на денот кога овој тим во Прилеп играше против италијанска Перуџа.

На 11. Јули 1999 година во рамките од поранешниот Интер Тото куп во Прилеп гостуваше Перуџа. Тој ден беше вистински празник во градот кој живее за овој клуб, на градскиот стадион се собраа 15.000 гледачи и веруваа дека може да се надополни поразот од 1:0 во Италија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, на крајот натпреварот заврши без победник 0:0, меѓутоа овој натпревар секогаш ќе остане запаметен во македонската спортска историја. Стадионот „Гоце Делчев“ тој 11. јули изгледаше прекрасно. Во првиот натпревар единствениот гол Италијанците го постигнаа од пенал.

За Победа во тој тим играа: Груевски – Ристовски, Стојковиќ, Димитриевиќ, Николаевски, Стојкоски – Лазаревски, Каранфилоски, Жилсон, Здравески, Главевски. Од клупата шанса добија: Петров, Грозданов и Наумоски). На клупата на прилепската гордост седеше Драган Канатларовски.

Какви убави времиња…

Фото: Маркукуле

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …