Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон вели дека „кралевите“ нема да имаат проблем да платат 100 милиони фунти за Азар, па сега се е во рацете на фудбалерот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последно време се погласни се шпекулациите кои го поврзуваат Еден Азар со Реал Мадрид, особено поради фактот што Белгиецот е прва желба на тренерот Зинедин Зидан.
„Челси не е клуб кој продава, па нема да биде лесно. Но како и секогаш, се ќе зависи од желбата на играчот. Доколку сака да замине, ќе замине. Се зависи од играчот. Во моментот кога играчот ќе каже ’Сакам да заминам и да се преселам во Реал Мадрид’, ќе почнат преговорите”, вели поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон.
„Челзи сигурно ќе бара многу пари. Сите знаеме какви суми се платија за Роналдо, Бејл, Погба, и сега границата е 100 милиони фунти. Па очекувам Челзи да побара толку. Но Реал Мадрид е во здрава финансиска состојба, и мислам дека оваа сума нема да им преставува проблем”, заклучи Калдерон.