Рекордниот трансфер на Бразилецот, Нејмар од 222 милиони евра би можел да биде срушен уште летово кое пристигнува.
Како што се наведува, Манчестер Сити подготвил неверојатна понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според англиските медиуми, „Граѓаните“ се подготвени да платат 200 милиони фунти, односно 226 милиони евра, за да го донесат еден од најдобрите напаѓачи на светот во своите редови, и понудата ќе замине на адреса на Спарси.
Ако успеат да го ангажираат Кејн, Гвардиола би го продал Кун Агуеро. Аргентинецот веќе долго се поврзува со заминување од клубот и тоа конечно би можело да се случи.
Во случај да дојде до трансфер, Кејн би станал најскапиот фудбалер во историјата. Би го преминал Бразилецот Нејмар за нешто повеќе од 4 милиони евра.
Кејн порано се поврзуваше со преминување во Реал Мадрид. Меѓутоа, раководството на лондонскиот тим прави се да го задржи во своите редови, но за неговата иднина се уште ништо конкретно не се знае.
Фантастичниот напаѓач и оваа сезона ги тероризира голманите ширум Европа и вкупно постигна 34 погодоци во 35 натпревари за Тотенхем.