Дома Фудбал Лига на шампиони Џулија Робертс многу го повредила Гвардиола: И трипати да ја освоиме ЛШ јас ќе бидам губитник!

Џулија Робертс многу го повредила Гвардиола: И трипати да ја освоиме ЛШ јас ќе бидам губитник!

Манчестер Сити вчера го победи Лајпциг со 7:0, а Пеп Гвардиола по натпреварот на прес-конференцијата зборуваше и на теми кои не се поврзани со натпреварот.

Така Гвардиола откри дека во неговиот живот има три идоли Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. Познатата холивудска актерска го разочарала искусниот стратег кога при посетата на градот Манчестер го посетила и Јунајтед и тоа во период кога Сити е подобар тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ќе ви откријам една тајна. Без разлика што ќе се случи оваа година, дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите или да освоиме три ЛШ во низа, јас ќе бидам губитник. Имам тројца идоли во мојот живот, Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Роберс“.

„Пред неколку години Џулија Робертс дојде во Манчестер. Не во 90-тите кога Фергусон освојуваше титули со Јунајтед. Дојде во период кога ние бевме подобри, а таа отиде да го посети Манчестер Јунајтед, не дојде кај нас! Затоа дури и ако ја освоиме Лигатан а шампионите, тоа не е споредливо со фактот што Џулија Робертс дојде во Манчестер и не дојде да не види нас“, раскажа Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…