Дома Останати Џошуа откри: Кличко ми се јави пред неколку дена

Џошуа откри: Кличко ми се јави пред неколку дена

Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе се обиде вечерва да му се одмазди на Енди Руиз за поразот од пред неколку месеци и така да ја врати титулата светски шампион во тешка категорија.

Џошуа и Руиз вечерва ќе се борат во Саудиска Арабија за титулата светски шампион во тешка категорија, титулата ја брани Руиз кој го победи Британецот пред неколку месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, Џошуа одлучи сриозно да тренира за реваншот и порача дека вечерва сигурно тој ќе биде победникот. Џошуа титулата ја освои пред две години кога го победи легендарниот Владимир Кличко кој потоа се пензионираше.

Кличко остана во добри односи со Британецот, а Џошуа откри дека Украинецот го контактирал пред неколку дена за да му даде некои совети.

„Се изненадив кога видов дека Кличко ме бара. Се јавив и ми кажа дека сака само да ми даде неколку совети. Она што ми го кажа околу борбата нема да го откривам, но ме советуваше неколку дена пред борбата да не користам мобилен телефон, односно да не ги следам друштвените мрежи. Едноставно да не следам што јавноста пишува за оваа борба, само да се опуштам и да тренирам. Кличко ми е голема поддршка, му благодарам на советите“, изјави Џошуа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…