Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа ја продолжи победничката серија.
Британецот со одличен настап во Кингдом арената во Ријад експресно го демолираше Френсис Нгану и победи со брутален нокаут во втората рунда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе првата рунда понуди многу возбудувања. Откако и двајцата разменија неколку удари, Џошуа со силна десница го собори Нгану.
Ентони продолжи во ист ритам и во втората рунда, соборувајќи го уште еднаш Камерунецот. Френсис стана, но во следниот напад на Џошуа тој повторно заврши на подот и приказната беше завршена.
Триесет и четиригодишниот Британец со тоа ја продолжи успешната серија и со нов триумф ги потврди амбициите наскоро да добие шанса да се бори за светската титула.