Дома Трансфер зона Џовинко може да се врати во Италија и тоа во најголемиот ривал на Јувентус?

Џовинко може да се врати во Италија и тоа во најголемиот ривал на Јувентус?

Себастијан Џовинко после скоро шест години би можел да се врати во италијанската Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Џовинко своевремено беше голема надеж на Јувентус, меѓутоа во овој тим не ги сиполни очекувањата. Играше на позајмици во Парма и Емполи каде што го покажа својот квалитет.

На почетокот на 2015 година изненади со одлуката кариерата да ја продолжи во МЛС лигата во дресот на Тороното. „Атмоската мравка“ воодушеви со настапите во дресот на овој клуб, а пред една година започна нова авантура откако потпиша за Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Иако има договор со овој клуб на уште една година на големо се шпекулира дека Џовинко ќе се врати во Италија. Италијанските медиуми пишуваат дека најголем интерес за него покажа Интер што е изненадување за многумина. Наводно, Антонио Конте им порачал на челниците на Интер дека доведувањето на Џовинко би било одличен потег и веројатно би пристигнал без оштета.

Сигурно таков потег не би им се допаднал на навивачите на Јувентус, меѓутоа во Џовинко можеби има уште желба да се докаже во неговата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…