Дома Фудбал Џирона киксна, Реал Мадрид е лидер во Ла Лига

Џирона киксна, Реал Мадрид е лидер во Ла Лига

Џирона и Атлетик Билбао ремизираа 1:1 во последниот натпревар од 14. коло на шпанскиот шампионат.

По првото полувреме без голови, Џирона поведе во вториот дел. Виктор Циганков погоди во 55. минута за водство на Џирона од 1:0, но брзо следеше израмнување. На 1:1 израмни Инаки Вилијамс во 67. минута по одлична соло акција.

Џирона сега има исто бодови со Реал Мадрид, но Кралскиот клуб останува на првото место на рангирањето.

Атлетик Билбао се искачи на петтото место со бод пред Реал Сосиедад. Двете најсилни баскиски екипи имаат по 25 бода.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…