Дома Останати Ракомет „Џинот“ на Вардар во тимот на колото во Лигата на шампионите

„Џинот“ на Вардар во тимот на колото во Лигата на шампионите

Вардар овој викенд забележа победа во Лигата на шампионите против Кристијанштад, а еден од најдобрите во редовите на црвено-црните беше бекот Денис Криштопанс.

Одличниот настап на Криштопанс беше забележан и од страна на ЕХФ од каде што го прогласија за најдобар на својата позиција и доби место во идеалниот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тимот на колото место доби и голманот на Кристијанштад кој беше одличен против Вардар, но сепак не можеше да спречи пораз.
Место во идеалниот тим доби и братот на Сташ Скубе, Себастијан кој го носи дресот на Силкеборг.

КОМПЛЕТНИОТ ИДЕАЛЕН ТИМ

Лево крило – Иван Никчевиќ (Спортинг)

Лев бек – Борис Пуховски (Мотор З.)

Среден бек – Себастијан Скубе (Силкеборг)

Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)

Десно крило – Лук Абало (ПСЖ)

Пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)

Голман – Рикард Капелин (Кристијанштад)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ донесе конечна одлука за Драган Начевски!

Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски …