Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард истакна дека играчите на Јирген Клоп мора да имаат самодоверба и да веруваат дека можат да победат во финалето, бидејќи само така можат против Реал Мадрид.
Последниот трофеј во најелитното фудбалско натпреварување Црвените од Енфилд го освоија во 2005. година, кога Стиви Џи го носеше црвениот дрес и беше капитен на екипата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Овие играчи ја имаат приликата да ја променат не само кариерата, туку и животот воопшто. Ова е момент за кој се сонува.“ – порача Џерард и додаде:
„Мојата порака е да идат и да го зграбат тој момент, да уживаат во она за што се изборија и работеа напорно. Да се наградат себеси за патот по кој го поведоа овој клуб.“
Противник во финалето ќе им биде Реал Мадрид, кој ќе се обиде да направи хет-трик во ова натпреварување.
„Потребно е да веруваат и да имаат самодоверба бидејќи стигнаа толку далеку. Треба да го издржат притисокот кој го носи дресот на Ливерпул. Сите ќе ги пофалат што дојдоа до финалето, но нема многу луѓе да ги паметат ако не ја освојат титулата.“
Натпреварот за титулата европски клубски првак е на програмата на 26. мај во Киев.