Во истиот ден кога беше потврдено дека Горан Пандев ќе продолжи уште една сезона Џенова успеа да победи со 3:2 во купот на Италија.
До победата од 3:2 против Перуџа дојде со пресврт. Гостите одлично стартуваа и после десет минути игра имаа предност од 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По тие два гола Џенова започна да игра подобро, па преку Кришито кој погоди од пенал и преку Ернани успеаа да изедначт. Треба да се спомене пред изедначувакиот гол на Џенова Курадо кај гостите заработи црвен картон и беше исклучен.
Горан Пандев во игра влезе во второто полувреме и до крајот на мечот заработи жолт картон. Херојот на Џенова беше Калон кој пред крајот на натпреварот ги постави конечните 3:2.