Утревечер, Барселона и Рома ќе го одиграат првиот натпревар во рамки на четвртфиналето во ЛШ, а навивачите на италијанскиот клуб, најмногу очекуваат од Един Џеко.
Бојан Кркиќ, еден од фудбалерите кои настапуваше за обата клуба, токму Џеко го издвои како најважен играч на Рома.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Има во Рома многу интересни фудбалери, но за мене Един Џеко е тој кој ја прави разликата“, истакна Кркиќ кој верува дека Барселона ќе се пласира помеѓу четирите најдобри екипи.
„Барселона е далеку подобар тим. Ги гледам во полуфиналето, но не затоа што Рома е слаба, туку затоа што се тие доста добри. Можеби Рома може да и создаде некои проблеми на Барселона, но искрено се сомневам дека може да ја исфрли“.
Џеко доби пофалби инаку и од спортскиот директор на Рома, Мончи.
„Џеко има 32 години, но води совршен спортски живот и треба на сите да им биде пример. Тренира како што треба, ја сака својата работа, а изминатата сезона постигна дури 39 погодоци. Постигна погодок со кој го исфрливме Шахтјор и се пласиравме и четвртфиналето во ЛШ. Можеби нема незаменливи играчи, но Џеко е во состојба да го добие натпреварот.“
Оваа сезона Џеко постигна 18 погодоци, вклучувајќи и четирите во осуммте натпревари во ЛШ.