Дома Фудбал Џеко го чека жестока суспензија: Два пати го плукна судијата! (ВИДЕО)

Џеко го чека жестока суспензија: Два пати го плукна судијата! (ВИДЕО)

Вчера видовме два шокантни резултати во Купот на Италија, Рома и Јувентус беа елиминирани.

Екипата на Рома доживеа вистински дебакл од Фиорентина со резултат 7:1.

Един Џеко на овој натпревар заработи исклучување при резултат 4:1. Босанецот беше лут на судијата Мањанело и не можеше да прифати една негова одлука.

Меѓутоа неговата реакција беше претерана и не доликуваше на професионален фудбалер.

Камерите го уловија Џеко како два пати го плука Мањанело. После ова напаѓачот сигурно ќе се соочи со казна, која може да биде и сериозна.

Низ италијанските медиуми се шпекулира дека казната би можела да изнесува пет натпревари суспензија, меѓутоа засега нема никаква потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус чека двојно засилување од амбулантата за гостувањето во Фиренца

Мекени и Челик повторно работеа со соиграчите, но медицинскиот тим допрва ќе одлучува дали…