Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Џанлуиџи Донарума избран за МВП на Европското првенство

Џанлуиџи Донарума избран за МВП на Европското првенство

Фудбалската репрезентација е Италија е шампион на Европа!

Италија во финалето на „Вембли“ ја совлада Англија после подобро изведувањето на пенали, регуларниот дел и продолженијата завршија 1:1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Херој на Аѕурите беше Џанлуиџи Донарума кој одбрани два пенали во низа, а покрај тоа одличен беше и целиот туирнир и на крајот заслужено го понесе епитетот за играч на првенството, а наградата му ја предаде првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Донарума така стана првиот голман која ја освоил титулата за најдобар играч на првенството.

Титулата за најдобар стрелец заврши кај Роналдо кој постигна пет голови, колку што постигна и Патрик Шик, но Роналдо забележа и една асистенција. На третото место се Бензема, Форсберг и Кејн со по четири гола.
Кога во прашање се асистентите најдобар е репрезентацивецот на Швајцарија Стевен Зубер со четири асистенции по три имаа Лук Шок, Дани Олмо и Пјер-Емил Хојберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…