Дома Македонски спорт Џани одговараше на прашања: Зборува пет-шест јазици, идол му е Карлос, навива за Реал, а Пандев е најдобриот со кој играл! (ВИДЕО)

Џани одговараше на прашања: Зборува пет-шест јазици, идол му е Карлос, навива за Реал, а Пандев е најдобриот со кој играл! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски денес одговараше на прашања на фановите, поставени беа навистина голем број.

Алиоски е еден од милениците на навивачите на Лидс кој играше одлично пред прекинот на сезоната, а денес некои од прашањата беа навистина интересни.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ви ги пренесуваме оние кои ние ги издвојуваме.

Колку јазици зборува?

„Пет-шест. Германски, италијански, англиски, албански, македонски, француски и малку шпански“.

Најдобриот играч со кого играл?

„Има неколку и не можам да изберам еден. Во Лидс веројатно сите ќе кажат дека тоа е Пабло. Има големо искуство и е играч од кој можете многу да научите. Потоа ги имам Горан Пандев, Енис Барди и Елиф Елмас во репрезентацијата. Некои имињата знаете, некои ќе ги заборавите, но Пандев е играч кој ја освоил ЛШ и освоил се што може во Италија, него не можете да го заборавите“.

Алиоски немаше дилеми кој е најдобриот играч против кој играл и даде краток одговор.

Серхио Рамос“.

За најомилениот момент во кариерата.

„Сите имаат добри моменти, меѓутоа најдобриот (пласман во Премиер лигата) допрва треба да дојде“.

Неговиот клуб од детството и омилениот играч?

„Реал Мадрид, секогаш беше така. Тоа е беше тимот на мојот идол, Роберто Карлос. Многу ми се допаѓаше како игра и затоа тие беа мојот омилен тим“.

Во продолжение погледнете го целото видео од 15 минути во кое Алисоки открива уште нешто за себеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…