Дома Фудбал Англија Џани асистираше во 90-та, Лидс го шокираше Сити!

Џани асистираше во 90-та, Лидс го шокираше Сити!

Манчестер Сити денес претрпе изненадувачки пораз на домашен терен од Лидс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ доминираа имаа повеќе посед на топа и повеќе удари кон голот, но Лидс од првата посериозна прилика на неколку минути пред крајот на првото полувреме преку Далас дојде до предност 0:1.

Само три минути по голот на Лидс следуваше проблем за гостите. Купер заработи директен црвен картон, па момците на Биелса останаа со играч помалку.

И со играч повеќе Сити не можеше да го скрши отпорот на Лидс. Конечно до гол стигнаа на 15 минути до крајот на мечот преку Торес.

Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши со реми, Далас со вториот гол на мечот овој пат по асистенција на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски погодува за конечни 1:2 и победа на Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …