Дома Фудбал Џака со нова провокација до Србите (ВИДЕО)

Џака со нова провокација до Србите (ВИДЕО)

Гранит Џака и понатаму ги провоцира Србите поради натпреварот во дресот на Швајцарија.

Џака тоа го направи преку Инстаграм стори каде што го сподели видеото на пријателот Гранит Цана кој со звукот на коментаторот во позадина го имитираше голот на Џака против Србија на Мундијалот во Русија.

Тој во видеото стави опис „Двајца Албанци – Србија 2:1. Потсетувајќи на победата на Швајцарија во која освен Џака погоди и Шаќири.

Двајцата головите ги прославија покажувајќи го симболот на Албанија (двоглав орел).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…