Дома Фудбал Останато Ќе ја поправи ли некогаш Челзи НАЈГОЛЕМАТА грешка во својата историја?

Ќе ја поправи ли некогаш Челзи НАЈГОЛЕМАТА грешка во својата историја?

lampard

Многу одлични фудбалери настапуваа за Челзи во последните години, некои од нив сосема заслужено се најдоа на листата најголеми фудбалери во историјата на овој клуб во неговата историја.

Некои сеуште се таму, Џон Тери оваа сезона во главно е морална поддршка на соиграчите, но барем е тука. За неговиот соборец од најтешките и најубавите денови од историјата на овој клуб, место немаше.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Погодувате, станува збор за Френк Лампард, денес фудбалски пензионер до неодамна еден од најдобрите играчи за врска во англискиот фудбал. Овој одличен фудбалер на почетокот на февруари потврди дека се откажува од фудбалскиот професионализам, има 38 години, во модерниот фудбал нема место за фудбалерите на негова возраст, но пред само неколку години кога го напушташе клубот, Челзи за него не се бореше.

Едноставно го пушти да си замине и со тоа веројатно го направи најголемиот срам во својата историја. Го потврди тоа и самиот играч со одличната сезона која ја одигра во Манчестер Сити каде што на триесетина настапи постигна шест погодоци. Еден постигна и против клубот во кој помина 13 сезони, собирајќи 429 настапи и постигнувајќи 127 погодоци.

Потоа заигра за Њу Јорк, одигра одлична сезона и кон почетокот на 2017 година повторно се обиде да пронајде премиерлигашки ангажман, можеби потајно се надеваше дека ќе добие место или некоја улога во клубот за кој даде се, но Челзи не се огласи.

Лампард потоа се прости од играчката кариера и најави тренерска. Кој знае, можеби наскоро ќе го гледаме на клупата на некој англиски клуб, можеби тој некој да биде и Челзи кој така колку толку веројатно би ја поправил својата грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…