Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ги стартува квалификациите за Светското првенство со натпреварот против Романија на гости.
Во Букурешт сигурно нема да биде лесно, Романија е квалитетна репрезентација, но ние се надеваме на позитивен резултат. Николае Станчу е еден од најдобрите репрезентативци на Романија и тој порачува дека тие веруваат во победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чудно ќе биде што селекторот Мирел нема да биде со нас. Со него разговоравме оналајн и знаеме дека ќе биде со нас и ќе се обидеме да победиме и да го направиме среќен. Во еден циклус првиот натпревар секогаш е многу важен“, изјави Станчу.
Ќе потсетиме, селекторот Мирел Радои е позитивен на Ковид-19 и нема да може да биде на клупата на Романија за утрешниот натпревар.