Дома Топ вести Ќе реагира ли Барса? – Реал тргнува по Кутињо?!

Ќе реагира ли Барса? – Реал тргнува по Кутињо?!

cotinho

Реал Мадрид има намера да и ги расипе сметките на Барселона и да влезе во борба за потпис на големата желба на Барселона, Фелипе Кутињо.

Големата бразилска ѕвезда во текот на летото беше голема желба на Каталонците кои за него испраќаа неколку понуди, а највисоката изнесуваше 118 милиони евра, но сепак Ливерпул ги одби сите, па Кутињо остана на „Енфилд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Црвените“ веќе наредното лето би можеле да добијат и повисока понуда бидејќи покрај Барселона и сега Реал Мадрид, неодамна англиските медиуми пишуваа дека во Лондон бил одржан состанок помеѓу агентот на фудбалерот и претставници на ПСЖ.

Информацијата дека Реал Мадрид е заинтересиран за Кутињо ја пренесува „Мундо Депортиво“.

Споменатиот медиум најавува дека поради интересот од Реал Мадрид, Барселона би можела веќе во јануари да се обиде да ја поправи „грешката“ од летниот преоден рок и да го доведе Бразилецот.

Тука е и ПСЖ кој веројатно ќе се откаже од услугите на Анхел Ди Марија и Јулијан Дракслер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…