Дома Фудбал Репрезентации Ќе има ли прилика да го исполни?! – Меси пред целата јавност даде ГОЛЕМО ветување!

Ќе има ли прилика да го исполни?! – Меси пред целата јавност даде ГОЛЕМО ветување!

messi

Лионел Меси даде интересно ветување кое ќе мора да го исполни доколку Аргентина стигне до титулата на Светското првенство во Русија 2018 година.

„Гаучосите“ беа на работ на голем неуспех во јужноамериканските квалификации, но во одлучувачкиот натпревар блесна Лионел Меси кој ја одведе репрезентацијата на Мундијалот во Русија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред пријателските натпревари кои Аргентина ќе ги одигра во наредните денови, Меси разговараше со новинарите од аргентинскиот ТВ канал „ТyC Sports“, a во таа прилика даде интересно ветување.

Доколку, Аргентина го освои Мундијалот, Меси вети дека ќе пешачи од родниот град Росарио до Сан Николас. Одалеченоста помеѓу овие две дестинации е 68 километри и на Меси веројатно ќе му бидат потребни околу 14 часа пешачење.

Ова беше идеја на новинарот Мартин Аревал, но Меси без никакво размислување го прифати неговиот предлог.

„Лео, ајде заедно да дадеме едно ветување, секако доколку сакаш. Јас верувам во репрезентацијата. Ако бидеме шампиони ќе пешачиме ли од Росарио до Сан Николас?“, запраша Арвеал, а Меси веднаш одговори: „Секако“.

Со оглед на тоа дека по даденото ветување Меси и Аревал се ракуваа, договорот е постигнат, а дали ќе добијат прилика да го одржат ветувањето ќе дознаеме следната година во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…