Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе има ли Лапорта трпение? Бенфика си поигра со Барселона! 🎥

Ќе има ли Лапорта трпение? Бенфика си поигра со Барселона! 🎥

Вечерва фудбалерите на Барселона приредија ново разочарување на своите навивачи, Каталонците забележаа пораз од Бенфика на гостински терен.

Уште на самиот старт на натпреварот беа најавени нвоите непријатности за Барселона. Нунез се прошета низ одбраната на Барселона и го отвори резултатот. Барселона во првото полувреме упати седум удари, но ниту еден од нив не одеше во рамките од голот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме гледавме уште послаба Барселона. Бенфика постигна уште два гола за висока победа од 3:0. Прво Рафа Силва погоди за 2:0, а потоа Нунез на десетина минути пред крајот го постави конечниот резултат. Оваа победа за Бенфика е апсолутно заслужено. До крајот за работите да бидат полоши за Барселона, црвен картон заработи Гарсија.

Нема да биде чудо ако вечерва Куман го одработи последниот натпревар на клупата на Барселона. Ќе потсетиме во претходното коло од ЛШ Барселона беше поразена од Баерн Минхен со истиот резултат.

За останатите натпревари кои се играа вечерва – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…