Вечерва фудбалерите на Барселона приредија ново разочарување на своите навивачи, Каталонците забележаа пораз од Бенфика на гостински терен.
Уште на самиот старт на натпреварот беа најавени нвоите непријатности за Барселона. Нунез се прошета низ одбраната на Барселона и го отвори резултатот. Барселона во првото полувреме упати седум удари, но ниту еден од нив не одеше во рамките од голот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме гледавме уште послаба Барселона. Бенфика постигна уште два гола за висока победа од 3:0. Прво Рафа Силва погоди за 2:0, а потоа Нунез на десетина минути пред крајот го постави конечниот резултат. Оваа победа за Бенфика е апсолутно заслужено. До крајот за работите да бидат полоши за Барселона, црвен картон заработи Гарсија.
Нема да биде чудо ако вечерва Куман го одработи последниот натпревар на клупата на Барселона. Ќе потсетиме во претходното коло од ЛШ Барселона беше поразена од Баерн Минхен со истиот резултат.
За останатите натпревари кои се играа вечерва – тука.