Дома Фудбал Англија „Ќе го гледаме вечерва Манчестер Сити и ќе се надеваме на чудо“

„Ќе го гледаме вечерва Манчестер Сити и ќе се надеваме на чудо“

Фудбалерите на Ливерпул претходниот викенд го победија Њукасл во гости со 3:2, со гол во последните моменти од натпреварот.

Црвените повторно успеаја некако да дојдат до трите бода, откако во последните минути од натпреварот Дивог Ориги му донесе три бода на Ливерпул и се искачи на лидерската позиција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул сега има 94 бода, односно два повеќе од Манчестер Сити, кој својот натпревар го игра вечерва на Етихад против Лестер. На Енфилд се надеваат на кикс на Граѓаните, но за тоа има се помалку време.

Доколку Лестер не успее вечерва да направи изненадување, тогаш се знае дека победникот во ПЛ ќе го дознаеме во последното коло.

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон изјави дека играчите на Ливерпул сигурно ќе го гледаат вечерашниот натпревар и ќе се надеваат на чудо на Етихад.

„Нормално дека ќе го гледаме Манчестер Сити и искрено да кажам се надевам на чудо. Тие се одлична екипа, но исто и ние. Кој и да ја освои титулата ќе биде заслужено. Не можевме подобро од ова и нема за што да жалиме. Можеме само да се молиме нешто да се случи во наша корист.“ – изјави Хендерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…